Нова игра на Дизни ги учи децата на основите на кодирање

Цртаниот филм на Дизни „Моана“ се очекува да биде најголемиот детски филм на годината, а компанијата ја користи популарноста за да ги научи најмладите како да кодираат.

Дизни штотуку ја објави играта Moana: Wayfinding With Code, бесплатен туторијал кој им дава на децата вовед во основите на развивање на софтвер, преку едноставни задачи.

Туторијалот бара од играчот да ги води Моана и Мауи, двајцата протагонисти од филмот, преку океанот, извршувајќи задачи и борејќи се со пирати додека патуваат. Задачите се извршуваат преку создавање на мали програми.

За да биде полесно за помладите корисници, задачата се извршува со „влечење“ на точната коцка во прозорче, место со куцање на кодовите.

Moana: Wayfinding with Code ќе биде достапна во 180 држави, на 23 различни јазици.

Ова не е прв пат Дизни да создаде туторијал за кодирање. Во изминатите две години, Дизни лансираше два туторијали како дел од иницијативата Hour of Code на Code.org, со ликови од филмовите Frozen и Star Wars. Според компанијата, овие едноставни игри ги играле повеќе од 40 милиони ученици.

Хади Партови, извршен директор на Code.org, вели: „Откривме дека има поголема веројатност дека децата ќе се обидат да научат компјутерска наука доколку начинот на кој учат содржи тема во која се заинтересирани, како нивните омилени Дизни приказни и ликови“.

„Нашата соработка со Дизни во изминатите две години помогна Hour of Code да постигне рекордни бројки, инспирирајќи милиони деца од сите возрасти да се обидат да кодираат и да започнат образование во компјутерските науки“.