Нова химна на скопската гимназија „Корчагин“

Гимназијата од Скопје, „Раде Јовчевски Корчагин“, има нова химна, барем според објавата на продукцијата „Браво“ на чиј профил е поставено видеото и новата песна за ова скопско училиште. Текстот на песната е на Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот на Сашо Ливрински. Во видео спотот учествуваат ученици од гимназијата.

Дали и колку ќе помогне оваа „химна“ во промоција на училиштето, проценете сами откако ќе го погледнете видеото во продолжение.