„Нова година – нови насмевки“ на 30 и 31 декември на Сквер Јадран

Под мотото „Нова година – нови нови насмевки“, општина Центар годинава на 30 и 31 декември, на Сквер Јадран организира новогодишна програма за децата, младите и повозрасните.

Прославата, како што соопштија од Општина Центар, е организирана без трошоци на општината, преку донации. Затоа и има хуманитарен карактер каде граѓаните ќе може да донираат за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.

На 30 декември во 12 часот предвидена е детска програма, а во 16 часот, „Улица ‘Новогодишни желби‘ бр.2018’“, ќе биде место на потсетување на добро познатото скопско корзо.

Од 20 часот започнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.

На 31 декември, пак, во 12 часот на Сквер Јадран ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува забавата со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.