Нова фигура на мачка е откриена на Насканските линии во Перу

Геоглиф од мачка кој потекнува од 200-100 години п.н.е е пронајден при активности на локалитетот заштитен од УНЕСКО.

Во песочните делови на јужен Перу, постојат „извезени“ геоглифи од колибри, мајмун, орка и фигура која многумина сакаат да мислат дека е астронаут, а откриена е и нова фигура на џиновска мачка која лежи на пустинските ридишта.

Новата фигура со која се збогатени Насканските линии се претпоставува дека потекнува од 100 до 200 години п.н.е., а била откриена за време за активности за подобар пристап до заштитениот локалитет.

Локалитетот кој е заштитен од УНЕСКО од 1994 година, се состои од стотнина геометриски и животински фигури. Тие се наоѓаат 400 километри западно од Лима и опфаќаат содржина до 450 километри на квадрат.

„Фигурата беше едвај видлива и беше на раб на исчезнување бидејќи се наоѓа на лизгаво земјиште. Во текот на минатата недела геоглифот беше исчистен и заштитен. Фигурата на мачката е долга 37 метри“, истакнал министерот за култура на Перу.

Џони Исла, главниот археолог на Насканските линии изјавил дека сѐ уште е изненадувачки што нови фикури се откриваат дури сега.

„Во текот на изминатите години, користењето на дронови ни помогна да направиме многу фотографии од ридиштата.

Тој дополнил дека во изминатите години се откриени од 80 до 100 нови фигури во локалитетите Наска и Палпа, а сите тие потекнувале од Насканската култура. Повеќето од фигурите биле мали и нацртани на ридиштата.

Извор: Guardian