Нова екстензија за Гугл Хром ги заменува сите фотографии од Трамп со мачиња

Поради презаситеноста на медиумите, особено американските, со вести за новоизбраниот претседател Доналд Трамп, голем број читатели на онлајн медиумите одлучуваат да ја инсталираат Гугл екстензијата „Make America Kittens Again“.

Алатката ги заменува фотографиите од Трамп со слики од мачиња веднаш. Функционира на најголем дел од онлајн весниците, како New York Times и Daily Mail, но има и веб страници кои имаат различна енкрипција, па не работи за сите подеднакво.

Во описот од програмерите за самата апликација, пишува:

„Ги заменува сликите од Доналд Трамп со мачиња, бидејќи:
а)Трамп е срам
б)Мачињата се прекрасни, и
в)Не можев да најдам бесплатни фотографии од риба меур да употребам место него.