Нова апликација создава музика преку фотографија

PixelSynth е нова бесплатна апликација која ги трансформира фотографиите и визуелните содржини во музика.

Апликацијата е дело на Оливиа Џек и може веднаш да се проба овде.

Материјалите можат директно да се вчита од компјутерот или едноставно да се нацртаат. Иако создадените мелодии не се заразни, користењето на оваа алатка е забавно искуство. Таа помага да се долови чувството на синестезија.