Нова апликација им овозможува на наставниците во Кенија да прават проверка на видот на учениците

Во области како Транс Нзоја во Кенија, персоналот на болницата ги посетува училиштата за да направи проверка на очите на учениците. Во просек, од 5 до 10 отсто од нив имаат потреба да продолжат со испитување. Ова, пак, значи дека болничарите поминуваат најмалку 90 отсто од нивното време во испитување на деца кои имаат нормален вид.

Поради ова, нова мобилна апликација за проверка на видот ќе им помага на наставниците во руралните делови на Кенија самите да го направат тестот.

Доктор Ендрју Баставрус, вонреден професор на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина е човекот што ја создаде апликацијата „Peek“ која работи слично на обичниот тест за проверка на видот.

Досега со помош на апликацијата тројно се зголемил бројот на деца на кои им биле закажани дополнителни прегледи, по што добивале наочари за да го подобрат својот фокус.

Целата приказна на BBC.