Нова анкета за канабис – дали да се забрани, користи за медицински цели или легализира и за рекреативна употреба

ХОПС  – Опции за здрав живот пред неколку денови објави анкета со цел да ја праша јавноста што мисли за конопот (канабис, марихуана).

Засега дури 84% од граѓаните сметаат дека канабисот треба да се легализира и за рекреативна употреба. Моментално само 1 % од граѓаните мислат дека треба целосно да се забрани, а 14 % да биде достапен само за медицинска употреба.

Досега свое мислење дале над 500 граѓани.