Нов ѕид за слободно изразување – „Во Тетово сакам…“

Во Тетово утре во 11 часот ќе биде поставен ѕидот за слободно изразување на тема „ Во Тетово сакам…“.  Новата табла за слободно изразување во центарот на Тетово (аголот на тротоарот кај Домот на култура, каде се сечат улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“), ќе биде двојазична, на македонски и на албански јазик.

Нов ѕид за слободно изразување во Тетово

На првите веќе поставени инсталаци на улицата Македонија и во Старата чаршија, во Скопје, десетици граѓани секојдневно испишуваат пораки и мислења за тоа што за нив претставува слободата и што сакаат да направат во својот живот пред да умрат.

Од утре и тетовци ќе имаат можност да ги споделат своите ставови, мислења и желби за подобро и поубаво Тетово.

Инсталациите кои го искористуваат јавниот простор како место за слободно изразување се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум