Нов Зеланд легализираше исплата на плати во криптовалута

Нов Зеланд стана првата земја во светот која дозволува исплата на заработка во криптовалута, објави Фајненшл Тајмс.

Даночната служба донесе одлука дека платите можат да се исплаќаат во криптовалута, доколку таа виртуелна валута се поврзе со најмалку една стандардна валута. Властите во Нов Зеланд истовремено бараат и избраната криптовалута да биде директно конвертибилна во некој стандарден облик на плаќање.

Со овие промени се овозможува криптовалутите, како Биткоинот, да служат како облик за плаќање на новозеландските работници кога овој закон ќе стапи на сила од 1 септември.

Потегот претставува чекор напред кон воведување на контроверзната дигитална валута во секојдневниот платежен систем. Криптовалутите се релативно слободни од регулација, а тоа што нивниот ток не може да се следи преку вообичаените процедури ги направи популарни кај анонимните онлајн трансакции.