Нов Зеланд ги забрани полуавтоматските оружја по нападот во Крајсчрч

Автоматските пушки и воените полуавтоматски оружја се забранети во Нов Зеланд откако премиерката Јасинда Ардерн соопшти радикални и итни промени во законите за носење оружје по терористичкиот напад во Крајстчрч во кој беа убиени 50 лица.

„Уверена сум дека ќе постои заеднички јазик помеѓу Новозеланѓаните, и оние кои користеле оружје за легитимни цели и оние кои никогаш не допреле оружје, дека мора да се стави крај на лесната достапност до овој вид оружја. И денеска тоа ќе се случи“, изјави Ардерн.

Деловите кои се користат за претворање на пушки во воени полуавтоматски оружја исто така се забрануваат, заедно со шаржерите со голем капацитет и деловите кои предизвикуваат огнените оружја да генерираат полуавтоматски или слични на автоматски рафали.

„Накратко, секое полуавтоматско оружје кое беше искористено во терористичкиот напад во петокот ќе биде забрането во оваа земја“, објасни Ардерн.

Забраната стапи во утрово, а премиерката ги насочи безбедносните служби да направат програма преку која, по „разумна компензација“, ќе се откупат ваквите видови оружје од оние кои моментално го поседуваат.

Нов Зеланд е земја со помалку од 5 милиони жители, а се проценува дека има помеѓу 1 и 1,5 милиони парчиња оружје.