Нов Зеланд бара технолошки експерти, за интервјуата за работа плаќа и патни трошоци и една недела одмор

Технолошката индустрија на градот Велингтон, Нов Зеланд, сака да регрутира експерти за технологија од сите страни на светот. Поради тоа, нудат бесплатен одмор во земјата на сите кои можат да потврдат дека заслужуваат работно место таму.

Програмата Looksee Wellington, партерство меѓу Агенцијата за регионален економски развој на Велингтон и Воркир Нов Зеланд, фирма која специјализира во маркетинг за глобална регрутација, ќе бидат домаќини на 100 среќни кандидати за работно место и ќе платат за нивните летови и сместување.

Во замена, пријавените ќе мора да се појават на претходно договорено интервју за работа во водечките технолошки компании во градот.

Кандидатите ќе мора и да учествуваат во средби и разгледувања на градот. Компаниите ќе ги финализираат понудите за најдобрите кандидати до крајот на неделата.

Заинтересираните можат да се пријавуваат до 20 март. Патувањата и интервјуата ќе се случуваат во Нов Зеланд од 8 до 11 мај.

Организаторите ќе одржат и информативни настани за да им помогнат на потенцијалните имигранти да го разберат процесот на вселување во земјата.

Други компании имаат преземано слични акции за да ги привлечат талентираните работници кои им се потребни.

Минатата година, Нетфликс бараше нови таленти кои би правеле фотографии од сетот на нивните најпопуларни серии за две недели. На фотографите им беа исплатени по 2000 долари неделно, а компанијата им ги исплати и сите патни трошоци.