Нов закон за амнестија во Русија, можно е да важи и за членките на Pussy Riot

Русија подготвува нов закон за амнестија, со кој ќе бидат променети правилата според кои некој затвореник може да биде амнестиран и ослободен.

Според пишувањето на провладиниот весник Известија, законот, кој добил поддршка од претседателот Путин, може да значи слобода за членките на панк бендот Pussy Riot, Надежда Толоконикова и Марија Алехина, кои одлежуваат двегодишна затворска казна за хулиганство и поттикнување верска омраза. Третата осудена панкерка, Екатерина Самуцевич, беше ослободена пред околу една година.

Нов закон за амнестија во Русија, можно е да важи и за членките на Pussy Riot

Според информациите објавени во весникот, новиот закон што го подготвува Кремљ ќе се однесува на жени кои имаат деца и кои немаат извршено насилни кривични дела. Алехина и Толоконикова двете имаат деца, но сепак, во законот не се спомнуваат имиња, а нема ниту официјална потврда дали тој ќе ги опфати членките на Pussy Riot или дел од триесетината активисти на Greenpeace, затворени во мај 2012.

Адвокатката на Pussy Riot, Ирина Хрунова за Итар-Тасс изјави дека девојките би можеле да влезат во новата амнестија, но дека тоа ќе биде јасно дури откако законот ќе помине во парламентот.

Престојот на панкерките, особено на Надежда Толоконикова во руските казнени колонии беше постојана тема во медиумите изминатава година. Таа најпрво беше казнета со 15 дена самица поради непочитување на затворскиот ред. Потоа, никој не знаеше каде властите ја префрлиле, за конечно да се открие дека ја однеле во логор во длабочините на Сибир.

Извор: The Guardian