Нов закон во Турција – лекарите не смеат да даваат прва помош без владина дозвола

Викендов во Турција стапи на сила контроверзниот закон со кој за кривично дело се смета давање прва помош ако за тоа не постои одобрување од Владата. Носењето на законот беше проследено со силни несогласувања и спротиставувања од страна на здруженијата за заштита на човекови права.

Нов закон во Турција - лекарите не смеат да даваат прва помош без владина дозвола

Според законот, оној кој ќе го прекрши законот може да се соочи со казна затвор во траење и до три години и парична казна од 700.000 евра.

Критичарите на законот стравуваат дека тој ќе може да се користи за да се спречат лекари и друг медициснки персонал да даваат помош на повредени демонстранти за време на масовни улични протести какви што имаше во државата во јуни минатата година.

„Донесувањето на таков закон со кој се криминализира давањето прва помош и се казнуваат оние кои се грижат за повредени демонстранти, е всушност дел од неуморно настојување на турската Влада да ги замолчи сите кои им се спротиставуваат, изјави Винсент Лакопино од Лекари без граници“, објави Ал Џезира, а пренесе МИА.

Во соопштението од „Лекари без границио“, се наведува дека законот го става во опасност здравјето и животот на секој човек.

Предлагач на законот е владејачката Партија за правда и развој на Ердоган, која забранува лекари да работат вон државни здравствени институции односно лекари да основаат приватни клиники или да работат за приватни клиники. Минатиот месец и ОН изразија загриженост за тој закон и ја повикаа турската влада да ја преразгледа својата одлука.