Нов закон во Русија предвидува до 15 дена затвор за навреди на Путин

Рускиот парламент го усвои контроверзниот закон кој на судовите им дозволува да изрекуваат затворски казни на оние кои преку интернет ги навредуваат владата или високите државни функционери, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.

Законот, за кој критичарите сметаат дека потсетува на законите против дисидентите од ерата на Советскиот Сојуз, овозможува парични казни до 10.000 рубљи (1.155 фунти) за „непристојни“ онлајн содржини, со кои се искажува „грубо непочитување кон општеството, државата, официјалните национални симболи на Русија, уставот, или властите“.

За оние кои ќе го повторат прекршокот е предвидена двојно поголема глоба, или затворска казна до 15 дена.

„Наскоро шегите за власта ќе ги кажуваме шепотејќи во кујните“, напишал на Фејсбук Сергеј Шавкин, адвокат од Москва.

Законот доаѓа во периодот кога рејтингот на Путин падна на само 33%, што е најниско во последните 13 години, во пресрет на многу непопуларниот потег за подигање на старосната граница за пензионирање за пет години. Јануарските анкети на Центарот за истражување на јавното мислење покажуваат пад од 37% во довербата за Путин во однос на 2015 година.