Нов закон во Париз дозволува на секој да засади урбана градина

Во Париз се донесе нов закон кој им дозволува на сите граѓани да засадат урбана градина во границите на градот. По добивање на потребната дозвола, градинарите ќе можат да засадат цвеќиња на ѕидови, кутии, покриви, под дрвја, или на огради. Тие можат да култивираат зеленило пред своите домови или канцеларии. Тие може да одгледуваат цвеќиња, зеленчуци и овошје.

Целта на градоначалничката на Париз Ан Идалго е да создаде 100 хектари живи огради и зелени покриви до 2020 година, од кои една третина да бидат наменети за земјоделство.

Локалците се охрабрени да бидат „градинари на парискиот јавен простор“ со новиот закон. Градинарите мораат да користат обновливи методи, да избегнуваат пестициди и да промовира биодиверзитет во градот. Од нив се бара да потпишат „Повелба за обновување на вегетацијата“ и да растат „локални растенија“. Нивна задача е да ги одржуваат урбаните градини и да го зголеми зеленилото со што би се подобрил изгледот во градот. Градот ќе издаде тригодишни дозволи со опција да се обноват.

Градските власти ги замолија жителите да бидат што е можно покреативни, а информираат дека ќе обезбедат опрема и семиња. Тие се надеваат дека на овој начин се обидуваат да го подобрат квалитетот на живот.