Нов вид на стаорец откриен на Соломонските острови

Нов вид на стаорец, четири пати поголем од нормалните глодари, е откриен на Соломонските острови во Тихиот океан.

Животното, долго речиси метар и половина, живее во дрвјата и преживува јадејќи ореви кои ги крши со своите заби.

Соломонските острови веќе се дом на осум други видови на стаорци, но ова е прво вакво откритие во последните 80 години.

Новиот вид, наречен Uromys vika, е споменат во фолкорот на островот.

Одалечени речиси 1 800 километри од брегот на Австралија, синџирот на Соломони е биолошки изолиран.

Повеќето цицачи кои живеат таму не може да се најдат на друго место на Земјата.

„Кога за првпат се сретнав со луѓето од Вангану островот во Соломоните, тие ми кажуваа за стаорец што потекнува од островот и го нарекуваат „вика“, а кој живеел во дрвјата“, изјави Тајрон Лаверу, истражувач од музејот Филд во Чикаго, кој дојде до откритието.

И покрај тоа што го барал ова животно уште во 2010 годинам, Лавери не успеал да пронајде доказ за постоењето на овој голем стаорец, освен големите остатоци од измет.

„Започнав да се прашувам дали навистина има посебни видови, или само луѓето ги викаат нормалните црни стаорци „вика“, рече тој.

Сепак, во ноември, 2015 година, ренџер здогледал огромен стаорец кој се качувал на дрво високо десет метри, но бил застрелан од дрвосечачи.

Падот бил погубен за стаорецот, но ренџерот го однел во музејот Квинсленд, во Австралија, каде Лавери бил соработник.

„Откако го испитав примерокот, знаев дека е нешто различно“, рече тој.

„Има само осум познати видови на стаорци на Соломонските острови, а според изгледот на неговиот череп, веднаш можев да отфрлам еден куп видови“.

По тест на ДНА, Лавери потврдил дека станува збор за нов вид, кој тој го нарекол Uromys vika.

Новооткриениот стаорец има долга, лушпеста опашка, за која истражувачите веруваат дека се оштетува при искачување на дрвјата.

Откако пристигнале на островот, кај нив еволуирале острите заби, кои според истражувачите, ги користат за кршење ореви и кокос.

Овие огромни, но долго криени суштества веднаш ќе бидат класифицирани како критично загрозени, поради заканата од сеча на дрвјата. Приближно 90 отсто од дрвјата на островот веќе се отсечени.