Нов веб портал наменет за младите во земјава – mladi.ams.mk

Информации за значајните културни настани и манифестации, за обуки за формално и неформално образование, можности за пракса и работа за млади, библиотеки и студентски попусти, ќе бидат собрани на новиот сајт mladi.ams.mk наменет за младите на Република Македонија.

Порталот беше промовиран денеска, од Агенцијата за млади и спорт со цел да биде место каде младите ќе имаат можност да се информираат за сите активности поврзани за нив. Идејата е се охрабрат младите да комуницираат со Агенцијата и да ги доставуваат своите идеи и предлози.

Порталот исто така ќе нуди можност за меѓусебно поврзување и соработка на младинските здруженија од земјава, кои ќе можат да ги достават основните информации за своето работење, така што во рамките на овој сајт ќе функционира и база на податоци за младинските организации.

Веб порталот mladi.ams.mk го изработи Grid.mk.