Нов успех за филмот „Пластична рапсодија“ на велешките ученици

Тројца млади креативни ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, успеаа со својот креативен филм „Пластична рапсодија“ да се пласираат во најдобрите педесет и два филма од вкупно 447 филмови на меѓународниот фестивал „GREEN FEST“.

plasticna

Александар Арсовски, Надица Мицева и Халид Хоџиќ се единствените претставници од Македонија на овој фестивал посветен на екологијата и заштитата на животната средина. Тројцата ученици под менторство на професорката Руска Мицева со својот креативен филм на интересен начин ја прикажале приказната на две заљубени пластични шишиња, кои имаат  цел да бидат рециклирани. Филмот и претходно има учествувано на неколку натпревари како МАССУМ и го освои првото место од програмата и кампањата „Помалку отпад“ на ниво на цела Македонија.

„Нашиот филм е изработен во stopmotion техника и е снимен во малдинскиот парк во нашиот град. Со овој филм сакавме да покажеме дека отпадот може да има и своја приказна која ние луѓето не ја приметуваме, но сепак постои. До сега филмот се покажа како навистина успешен, а тоа докажува и наградите кои ги има освоено, меѓу кои е и наградата за учество на реботилницата во Португалија, “- вели Халид.

Жирито на меѓународниот фестивал „GREEN FEST“ беше составено од: Невена Матовиќ – новинар, Игор Рили – уредник на српското издание за Национална Географија и Бобан Јефриќ – уредник на филмската програма з амлади на домот за млади во Белград. Жирито донесе одлука најдобрите 52 филма, меѓу кои и „Пластична рапсодија“ да бидат прикажани во Белград и да учествуваат во понатамошниот дел од натпреварот со тоа што ќе имаат можност да се борат за некоја од наградите кои ги нуди фестивалот.

Извор: МладиВе