Нов уред на Мајкрософт испраќа холографски пораки

Најновата технологија развиена од Мајкрософт е холопортациски систем – Хололенс, кој трансмитира 3Д модели од сликите кои ги снима на оддалеченост вистинско време, до човекот кој ги носи Хололенс очилата.

Видео демонстрацијата од холопортацискиот систем покажува проѕирна тродимензионална слика од личноста снимена преку Хололенс уредот.

Технологијата потсеќа на онаа од иконичната сцена од Star Wars, во која холографска порака од принцезата Леа е испратена преку роботот R2D2. Сепак, во овој случај не станува збор за специјални ефекти, туку за вистински производ.

Биле потребни околу четири децении од филмот до денес, но холографската порака денес е вистинска. Сепак, може да се види само преку Хололенс уред, пишува Mashable.

Сѐ уште не е објавен датум за пуштање на производот на пазарот, така што можеби ќе потрае додека пошироката публика да има шанси да стигне до него. Сепак, Мајкрософт ќе почне да го доставува производот со цена од 3000 американски долари на програмери на 30 март.