Нов спот и песна на „Funk Shui“

Бендот „Funk Shui“ го издаде својот нов видео спот за новата песна„Крик“. Спотот е во режија на Томи Акимовски заедно со членовите на Funk Shui, е сниман на повеќе локации низ Скопје (школото „Песталоци“, стариот студентски стан на Томи Акимовски, на зграда во Карпош и Музеј на современа уметност) како и на одредени планински делови од Македонија.

Продукција, микс и мастеризација на „Крик“ се на Бен Милчев и членовите на Funk Shui, а песната е снимана во Studio Podrumot, Studio Tralala и студио DaPhunk.