Во протест од доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, машинскиот пероснал на Македонски Железници – Транспорт, од 7 часот утринава го стартуваше највениот штрајк.
Машинистите бараат зголемување и урамнотежување на коефициентот на сите машинисти, процентите на додатокот на плата за работа ноќно време и работа за време на викенд и празници кои им се одземени пред десет години. Како и почитување на роковите за исплата на платите.
Патничкииот и товарниот железнички сообраќај од утринава се одвива редуцирано. Пропуштени ќе бидат само возовите за Битола во 14 часот и за Гевгелија во 16.55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун и Солун-Скопје-Белград.
Средба со Синдикатот на машинскиот персонал и генералниот директор на МЖ Транспорт денеска имал и новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, кој најавил дека ќе се разгледаат законските можности за решавање на нивниот проблем, како и дека ќе се бара долгорочно решение за состојбите со македонскиот железнички сообраќај.