Нов рекорд од 1085 новозаразени од ковид-19 во изминатото деноноќие, 12 лица починаа

Министерството за здравство вечерва информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, односно 447 во Скопје, 80 во Струмица, 69 во Куманово, 62 во Тетово, 60 во Прилеп, 50 во Битола, 39 во Штип, 35 во Гостивар,  30 во Кичево, 29 во Гевгелија и 28 во Битола.

Во Кавадарци се забележани 20 новозаразени, во Охрид 18, 12 во Струга, 13 во Кочани,  12 во Неготино, по десет во Крива Паланка, Пробиштип и Делчево. по 9 во Дебар и Радовиш, 6 во Валандово, 5 во Свети Николе, по 4 во Ресен Кратово и Виница, 3 во Крушево, по 2 во Берово и Демир Хисар и еден во Македонски Брод.

Од Министерството за здравство информираат дека починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрирал 283 оздравени пациенти од Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847“, информираат од МЗ.

Направените 3294 теста се преку: ИЈЗ-1310, ЦЈЗ Скопје-126, Авицена-483, Биотек-266, МАНУ -243, Жан Митрев (Филип Втори) -340, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-110, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-133, Ремедика-25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие направени се 3294 тестирања.