Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш со цел, како што велат, изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа.
Настанот ќе се одржи во сабота, 1 ноември сабота, со почеток во 12 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода.
Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи.
„Настанот е дел од глобалното движење на солидарност со Палестина, кое го насочува вниманието кон итната потреба од непречен пристап на хуманитарна помош за Газа и праведна реконструкција под водство на палестинскиот народ. И покрај формалниот прекин на огнот, продолжуваат нападите, ограничувањата на помошта и насилството врз цивили и медицински персонал, што докажува дека тековниот „мир“ не значи крај на злосторствата ниту исполнување на меѓународните обврски, што дополнително ја засилува потребата од политички и правен притисок за вистинска правда и слобода за палестинскиот народ. Протестот има за цел да потсети дека мир без слобода не постои, и дека правдата за Палестина е предуслов за праведен свет“, соопштуваат од иницијативата.
 
						 
								 
               
				 
					
										
								
									
				


