Нов напад во Германија, 12 повредени на музички фестивал во експлозија на бомбаш самоубиец

Eдно лице загина, а 12 се повредени во експлозија во близина на ресторан во германскиот град Ансбах, во близина на Нирнберг доцна синоќа. Ова е четврти насилен инцидент во Германија, во последните четири дена.

Експлозијата во ресторанот предизвика прекин на музичкиот фестивал што се одржа во близина, како и евакуација на околу 2.000 посетители.

Министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија, Јоаким Херман, вели идентитетот на лицето кое ја предизвикало експлозијате е познато. Се работи за 27 годишен Сириец кој загина во експлозијата размесувајќи се со бомбата. Тој изјави и дека нападот „многу веројатно” е чин на исламскиот тероризам.

„За жал, ова е моја лична оценка, верувам дека овде најверојатно се случил исламистичките самоубиствен напад“, изјави Херман за ДПА.

Тој открива дека барањето за азил на напаѓачот било одбиено лани, но му било дозволено да остане во Германија поради конфликтот во Сирија. Сириецот двапати досега се обидел да изврши самоубиство, за што бил примен во психијатриска болница, рече министерот.

Овој случај ќе ја зајакне растечката несигурност во јавноста поради политиката на отворени врати на германската канцеларка Ангела Меркел, со која на бегалците им се дозволи слободен влез. Повеќе од еден милион луѓе дојдоа во Германија во текот на изминатата година бегајќи од војните во Авганистан, Ирак и Сирија,анализира британската агенција Ројтерс.