Нов извештај од САД покажува дека училиштата треба да се отворат за најмладите и учениците со посебни потреби

Оваа есен, целосното отворање на државните училишта треба да бидат приоритет, посебно да учениците до петто одделение и учениците со посебни потреби. Тоа е главната препорака за новиот извештај на Националните академии на наука, инженерството и медицината во САД.

Извештајот вклучува ажуриран преглед на доказите од целиот свет и збир на препораки за стратегии за ублажување на проблемот со коронавирусот во училиштата. Она што се издвојува од овој конкретен извештај е акцентот на соработката со јавните здравствени власти, при што се фокусира не само препораките за конкретно делување, туку предвидува и стратегии за работа на училиштата под услови што ќе продолжат да се менуваат.

Д-р Димитри Христакис, педијатар и член на комисијата што го создаде извештајот, вели дека извештајот доаѓа во време на криза, по повеќе неуспеси.

„Ние ги изневеривме децата, и етички и за три важни работи. Прво и најважно, ние уѓасно се справувавме со оваа пандемија. Второ, ги затворивме училиштата … нагло, без добар план за тоа како да преминеме кон учење од далечина и без соодветна инфраструктура за огромен број деца. И трето, во моментот кога ги затворивме училиштата, веднаш не започнавме да планираме како да ги отвориме повторно “.

Сега, вели тој, со на неколку месеци или недели пред почеток на школската година, училиштата „се борат да состават некаков кохерентен план за тоа како да ги вратат децата назад, ако тоа воопшто се случи“. Всушност, со зголемувањето на случаите на коронавирусот во повеќето држави, голем број од нив избираат да ја започнат годината виртуелно.

Новиот извештај дава девет препораки. Прво, училиштата треба да знаат дека ако останат затворени ова претставува сериозен ризик за децата, особено за најранливите деца. Кога е можно, окрузите треба да „дадат приоритет“ на полното работно време, часови лице в лице за најмалите деца во основно училиште и за деца со посебни потреби. Христакис вели дека тоа е затоа што овие две групи обично иаат најмногу потешкотии при учење преку Интернет и им треба најголем надзор.

Кога станува збор за ублажување на ризиците од коронавирусот откако ќе се отворат училиштата, како што се вели во извештајот, возрасниот персонал треба да носи хируршки маски, а секој треба да има пристап до мијалници за миење на рацете, сапун и вода или средства за дезинфицирање на рацете. Луѓето треба да практикуваат физичко дистанцирање и ограничување на големите собири. Чистењето и вентилацијата се важни, но не и најважни, стои во извештајот. Покрај тоа, Христијакис забележува дека „длабинското чистење, како што се препорачува во моментов, е скапо и може, но и не мора навистина да направи голема разлика“. Извештајот исто така вклучува препорака дека државите и сојузната влада треба да им обезбедуваат средства на училиштата за безбедно повторно отворање.

Вистинската улога на децата и тинејџерите во ширењето на коронавирусот не е позната. Кристакис посочува дека „експлозиите што ги гледаме сега низ целата земја се случуваат додека училиштата се затворени. Не можеме да ги обвинуваме училиштата за она што се случува во Флорида, Аризона или Тексас“.

Христакис вели дека следните неколку месеци нудат клучна можност за конечно да се направат истражувањата потребни за да и се помогне на јавноста да ги разбере главните ризици.