Нов изглед на виолините добиен со 3Д печатач

Остра, елегантна и фрустрирачка, најновата понуда на дизајн студиото „Monad“ во Мајами, повеќе изгледа како инструмент на стравот отколку музички инструмент. Инпирацијата за изгледот на виолина со две жици создадена од 3Д печатач била природата, јавува Гардијан.

Како што откриваат Eric Goldemberg и Veronica Zalcberg од „Monad“, изобличената форма на инструментот е поздрав за екосистемите во кои „чудните корени растат над другите дрва и со тек на време стануваат едно исто со домаќинот“.

По настапот на сцената заедно со едножична бас гитара и виолончело, на 3Д дизајнерското шоу во Њујорк кое се одржа во април годинава, необичната виолина ќе ја започне својата турнеја во Токио.

Сепак, Goldemberg и Zalcberg инсистираат необичните форми на инструментите и нивните звуци, да не се отуѓуваат за оние кои се позапознаени со традиционалните звуци. Студиото веќе е посетено од класични музичари, кои сакаат да создадат свои сопствени дизајни.  3Д печатењето всушност им овозможува на дизајнерите и музичарите да манипулираат со звуците на нови и генијални начини.