Нов „Хемиски спектакл“ од студентите на Институтот за хемија

Вечерва (23 декември) од 18 часот, во амфитеатарот на Институтот за хемија при Природно математичкиот факултет – Скопје студентите и професорите ќе одржат нов „Хемиски спектакл“.

Организаторите најавуваат дека на настанот се добредојдени сите љубители на хемијата и сите оние кои сакаат добра забава зачинета со малку хумор.

Предвидено е настанот да трае околу 60 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

„Хемискиот спектакл“ е креативен час по хемија во кое преку хумор се презентираат спектакуларни експерименти. Целта на овие настани е популаризирање на хемијата како наука, а истовремено на студентите им се дава можност практично да ги прикажат стекнатите теоретски знаења низ образованието.

Во продолжение, погледнете како „Спектаклот“ изгледаше во април годинава.