Нов доказ укажува дека член на Massive Attack е уличниот уметник Бенкси

Потрагата по вистинскиот идентитет на Бенкси доби нов пресврт откако истражувач посочи дека еден од членовите на групата Massive Attack е уметникот.

Роберт „3Д“ дел Неја, еден од основачите на бендот од Бристол е обвинет дека е герила уметникот, бидејќи муралите постојано се појавувале во близина на нивните свирки.

Во 2008 година, поранешниот ученик Робин Гунингам беше наречен дека е Бенкси, а според научниците кои ја анализираа неговата работа веруваа дека е тој.

Но, сега, истражувачкиот новинар Крег Вилијамс, 31, тврди дека уметникот би можел да биде Дел Неја, или можеби тим од луѓе предводени од него и поврзани со Massive Attack, комбинирајќи ги нивните концерти со графитите.

Вилијамс ги истражувал сите мурали на Бенски низ светот и вели дека најмалку шест случаи имало кога повеќето се појавиле кратко по концерт на групата во истите градови, во изминатите 12 години.

„3Д“ бил графити уметник во 80-тите и има изјавено дека е пријател со Бенкси.

Неговиот бенд, познат по песните „Tear Drop“ и „Unfinished Sympathy“, заработуваше милиони додека уметничките распродажби на Бенкси собираа најмалку 500 000 франци за едно дело.

„Но, што ако Бенкси не е само една личност како што сите мислат. Што ако тоа е група на луѓе кои прават графити на различни локации дома и во странство?“, вели Вилијамс.

Според гласини кои постојат од 2010 година, делото кое се појави во Северна Америка е негово, но не мора да значи дека тој го насликал, туку дека тоа можеби го направил тим, кој се погодил да ја следи турата на Massive Attack.

Славата на Бенкси започна во доцните 90-ти кога неговите провокативни графити стануваа препознатливи.

Во исто време, Massive Attack ги објавија нивните албуми „Blue Lines3 и „Mezzanine“, со членот Роберт дел Неја, кој беше именуван како првиот графити уметник во Бристол.

Според истражувањето на Вилијамс, шест мурали на Бенкси се појавиле во Сан Франциско на 1 мај, 2010 година, откако групата имала два настани во градот на 25 и 27 април.

Една недела подоцна, Massive Attack свиреа во Торонто пред да се појави уште еден графит на Бенкси.

Подоцна, за време на истата тура, групата одржа настап во Бостон, ден пред да се појави нов мурал на уметникот.

Слични цртежи се појавиле и во 2006 година кога Massive Attack тргна на турнеа низ Америка, на места каде се појавуваа дела на Бенкси.

Робин Гунингам, кој се верува дека е помеѓу своите 30-ти и 40-ти години, останува човекот за кој најмногу се верува дека е уметникот, иако мал број на уметници го знаат неговиот идентитет.

Во 2000 година, кога Бенкси се пресели во Лондон, Гунингам се пресели во стан во лондонската населба Хакни. Голем дел од најпознатите дела на Бенкси се појавија во близина.