Нов ден, нов земјотрес почувствуван во Македонија

Во јужните делови од земјава е почувствуван земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската микросеизмичка скала.

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случил во 2:25 часот со локална магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа во Грција.