Нов архитектонски бисер во Кина – универзитет како џиновска тоалетна школка

Иако се смета дека универзитетските згради треба да се бидат одраз на традицијата и на една држава, во Кина ваквите „правила“не важат. Новиот Универзитет за зачувување на водите и електрична енергија изграден во провинцијата Хеинан во Северна Кина, наиде на критики и потсмев во јавноста поради тоа што има изглед на голема тоалетна школка.

Иако е можно дека дел од дизајнот е креиран со намера, многумина ги обвинија архитектите за ваквиот изглед. Дел од јавноста пак цинично реагира дека не би можеле да бидат посреќни кога јавните пари се фрлаат во огромен тоалет, јавија светските медиуми.

„Од гледна точка на фенгшуи, дизајнот е многу успешен. Треба да ми дадеме некое време”, вели еден граѓанин за „Shanghaist“.

Во февруари, кинеските власти забранија изградба на „чудните згради”. Ваквата одлуката уследи откако многумина се пожалија дека новиот Народен штаб изгледа како фалус, но и дека дизајнот за новиот аеродром во Пекинг личи на џиновска вулва.