Нов албум на Tool по осумгодишна судска постапка

Групата Tool подготвува нов албум, по осумгодишна судска постапка со осигурителна компанија.

Во 2007 година, групата ја оспори законитоста на одбивањето од фирмата за решавање на прашање поврзано со вработен во Tool кој тврдеше дека создал дел од нивните дела. Но, според интервју за Yahoo Music, групата соопштила дека судот во Лос Анџелес пресудил во нивна корист минатата недела.

Последниот албум на групата „10.000 Days“ беше издаден во 2006 година. Покрај нивните правни проблеми, бендот се соочи и со здравствени проблеми, што во 2013 година резултираше со одложување на подготовките на нивниот нов албум, откако двајца членови на групата доживеаја несреќи при возење скутер.

Групата деновиве соопшти дека работи на нов албум, во кој ќе има повеќе од десет песни.