Нов албум на младата независна кантавторка Димитра – Мак мрак

Издавачката куќа „Шарла Рекордс“ го издаде првиот албум на македонски јазик на младата независна кантавторка Димитра – Мак мрак LP.

Димитра е присутна на македонската алтернативна сцена од 2018 година, кога го издаде Живот во живо EP, со кој ги освои симпатиите на домашната музичка јавност, а доби и одлични рецензии во регионалните медиуми и музички портали. Оттогаш, за Шарла излезе и Празни муабети ЕР, како и меѓународно успешниот албум Come to the Danger Club LP.

„И на овој материјал, Димитра го има зборот како свое главно оружје, храбро мерејќи ја дистанцата од конфузната македонска и глобална реалност. Заводливите мелодии и моќната ритам секција повторно се
цврста подлога на која Димитра ги положува своите рефлексии на млад човек во немирно време и околности на почетокот на векот. Авторски силен материјал, но и музика полна со сензитивност и глас кој нуди надеж
во подобри времиња. Димитра е комплетен автор на сите 8 композиции во вкупно времетраење од 29 минути“, велат издавачите.

Албумот Димтра – Мак мрак LP [Sharla LP/DR059] може да се преслуша и на одредено време слободно симне на овој ЛИНК.