Нов албум и два концерти за 20 години „Тотално опуштање“

Со нов албум и два промотивни концерти музичкиот состав Тотално Опуштање го слави својот 20 годишен јубилеј.

Тотално ОпуштањeАлбумот е снимен во студиото кај Трајче во музичка продукција на Дарко Поповски Блуз, а официјално ќе биде промовиран во рамките на 3 јавни настани:  роденденска прослава во кафе барот Браво во Скопје, на 15 декември во 20 часот; радио концерт на Канал 103 на 22 декември во 22 часот и промотивен концерт во МКЦ – бифе Фросина на 27 декември 2013 во 21 часот.

Култното скопско трио го сочинуваат Марјан Китановски, Владимир Стојчевски и Ристо Јанковски, а на албумот „А во слободно време“ се најдоа 20 песни снимени во текот на оваа година.

Дигиталното издание на албумот е веќе достапно за бесплатно преземање на овој ЛИНК.