Норвежанец заборавил дека купил биткоини за 27 долари – сега има цело богатство

биткоинМолскавичното зголемување на цената на биткоинот доведе до тоа во текот на 4 години, една  инвестиција од само 27 долари да се претвора во сума од 886 илјади долари , пишува „Гардијан”.

Норвежанецот Кристофер Кох инвестирал 150 круни ( 26.6 долари ) во 5000 биткоини во 2009 година, откривајќи ја дигиталната валута додека пишувал дисертација за крипитирането. Младиот човек набрзо заборавил за инвестицијата, се додека медиумска публикација за „Анонимните” во 2013 година не му ја „освежила“ меморијата.

Биткоините се чуваат во шифрирани паричници, кои се обезбедени со личен код кој Кох го заборавил. Откако успеал да се сети на лозинката, тој бил пријатно изненаден кога открил дека нивната вредност достигнала 886 000 долари.

„Дознав дека имам 5000 биткоини таму. Според сегашните нивоа тоа е сума од 886 илјади американски долари “, вели Кох.

Во април 2013 година вредноста на биткоинот се искачи до 266 долари, по што паѓаат надолу, но генерално вредноста на дигиталната валута драстично варира.

Кох во меѓувреме заменил една петтина од своите биткоини добивајќи доволно пари за да си купи стан во една од најбогатите области на Осло, пишува Гардијан.