Норвежанец ги пропатувал сите земји во светот до својата 37-ма година

Норвежанецот Gunnar Garfors е најмладиот човек кој успеа да ги посети сите 198 земји во светот, на возраст од 37 години. Својот подвиг го завршил во мај 2013 година, по што ја објави книгата 198: How I Ran Out Of Countries, за неверојатните авантури од овој пат, како и фотографиите од патувањата.

Во мај 2008 година, Gunnar Garfors веќе имал посетено 85 земји. Тогаш била донесена одлуката да ги посети сите земји, најдоцна до својата 40-та година. Иако постојано патувал, успеал да ја задржи и својата работа

Во текот на патувањата имало бројни предизвици. Така, морал да ги уверува иранските власти дека не е шпиун, откако првично му било одбиено барањето за виза неопходна за посетата на Еритреја. На Антарктикот пак морал да побара помош поради наносите од снег и лед.

Gunnar Garfors во текот на 2014 година го пропатувал Балканот. Tогаш, заедно со своите пријатели поставил рекорд кога во едно денононоќие пропатувал низ 19 европски држави.