Норвешкиoт град Бодо – европска престолнина на културата

Норвешкиот град Бодо ќе биде европска престолнина на културата за 2024 година. Ова беше објавено во Музејот на Домот на европската историја во Брисел. Покрај Бодо, во конкуренција беа и Бања Лука и Мостар.

„Ова беше најтешката одлука досега, да се одлучи за најдобриот град од две сосем различни држави. Сите три града докажаа дека заслужуваат да бидат во последната рунда“, стои во соопштението.

На церемонијата беше истакнато дека во земјите што конкурирале се направени промени во изминативе две години.