Норвешка планира да го прошири бушењето за нафта на претходно недопрените реони на Арктикот, потег за кои критичарите велат дека е закана за кревкиот екосистем, но и за односите со Русија.
Експертите велат дека реоните се ризични и од еколошки и од финансиски аспект. Истовремено, со ваквата одлука се ставаат на ризик државите кои се дел од договорот на „Свалбард“ , со кој се регулирани токму арктичките реони.
Илан Келман, професор на Универзитетот Агдер во Норвешка, изјавил дека веќе не може да се каже дека постои безбедно откопување на нафта на Арктикот.
„Настрана од климатските промени, Арктикот е многу ризично место. Многу работи можат да тргнат во погрешна насока – а кога една работа ќе тргне во погрешна насока, таа може да предизвика долгогодишна штета со огромни последици“, нагласил тој.
Хелга Ругвик, нафтена историчарка на Универзитетот во Осло, истакнала дека ваквиот потег на Норвешка е поради кризата во нафтената индустрија, која е зголемена поради пандемијата од коронавирусот.
„Кога Владата на премиерката Ерна Солберг соопшти дека бушењето ќе продолжи, тоа беше кулминација на деценискот процес кој предвиде дека Норвешка ќе го продолжи барањето на нафта во најсеверните делови“, нагласила таа.
Норвешка ја достигнала обележаната јужна граница на океанскиот мраз, позната и како „ледениот крај“ во јуни. Барањето на нафта северно од „ледениот крај“ не е дозволено.
„Со последниот компромис, според кој одновобеше нацртана границата, Норвешка ја достигна најдалечната точка во која барањето на нафта е дозволено од другите држави“, додала Ругвик.
Според договорот „Свалбард“, на кој се потпишани 46 држави, Норвешка го поседува островот, со мали регулации. Преку договорот, се регулира милитаризацијата на Архипелагот и дозволува сите потпишани држави да вршат комерцијални активности на почвата, иако досега, само Русија и Норвешка ја искористиле оваа регулација. Како независна земја, одговорноста за околината и припаѓа на Норвешка, па може да даде вето за откопување на нафта на територијата.
Потегот на Норвешка на ризик ги става и односите со Русија, кои веќе се со зголемени тензии поради стратегиската важност за овој реон.
„Во изминативе неколку години, Русија ја модернизираше својата северна нуклеарна подморница и ја зголеми присутноста на војската близу до реонот. Според формалноста, Русија го поддржува договорот, но можноста Норвешка да буши во претходно недопрена територија може да се разбере како агресија“, соопштила Ругвик.
Извор: Guardian