Норвешка отвори школа за Викинзи

Норвешки колеџ за високо образование започнува програма за ученици кои сакаат да научат за животот на Викинзите, за нивните основни занаети како правење меч, накит и покрив.

Оние кои ќе бидат дел од оваа школа, која се наоѓа во Seljord Folkehøgskule, на 150 километри од Осло, ќе можат да ги искусат Нордиските ритуали низ годината, во кои е вклучено и правење животински жртви за време на зимскиот празник.

Голем дел од заинтересираните се мотивирале да учествуваат во школата и да научат за овој народ гледајќи телевизиски серии како „Game of Thrones“ или „Vikings“ кои се актуелни во моментов.

„Има голем број на пријавени од разни причини“, вели директорот на школата Arve Husby.

„Некои се заинтересирале преку телевизиските серии, додека други сакаат да го научат занаетот. Ние нудиме високо квалитетно образование, а ако телевизиските серии прават луѓето да се интересираат, ние сме среќни“.

Главниот учител во школата за Викинзи е Jeppe Nordmann Garly, тој е по потекло од Данска, но има поминато голем дел од својот живот обидувајќи се да стекне што поголемо искуство како на Викинзите.

„Можете да кажете дека јас сум првиот учител за Викинзи“, вели Nordmann Garly.

„Лично повеќе ја сакам серијата Game of Thrones, бидејќи Vikings има многу грешки во фактите“.

Учениците во оваа школа исто така, ќе можат да пловат викиншки бродови, да научат да произведуваат предмети од керамика и да работат со дрвен материјал. Тие со помош на бродовите планираат да испловат до англискиот град York, или „Jorvik“, како што го нарекувале Викинзите.