Ноќта на Терешкова – прослава во Скопје за вселенскиот женски јубилеј

Детска работилница за црање, изложба на Скопското астрономско друштво и набљудување со телескопи на Марс и Јупитер се активностите со кои вечерва ќе се одбележи денот ( 16 јуни, 1963 година) кога астронаутката Валентина Терешкова го облече својот црвен скафандер, се качи на ракетата „Восток 6“ и летна кон вселената.

 

Ова е поводот за Скопското астрономско друштво, Tiiiit! Inc. и Кафе бар Винил да организираат настан во чест на Терешкова, како прослава на овој значаен вселенски женски јубилеј.

Свечената програма вклучува и вселенски колачиња, интергалактички ритмови во избор на Еми Ермилова и ѕвезденото небо над Скопје.

„Терешкова за три дена ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи дури 1.960.000 километри. Оттогаш, малите девојчиња почнаа да викаат дека кога ќе пораснат сакаат да бидат космонаутки“, се вели во најавата за настанот кој започнува во 19 часот.