„Ноќна кралица 2021“ – онлајн настан за 1 април

На 1 април (четврток) со почеток од 22 часот на Фејсбук страницата на ЛГБТИ центарот за поддршка, како и на Јутјуб и Фејсбук платформите на Амок Радио, ќе се одржи онлајн настанот „Ноќна кралица“.

На настанот со едночасновни диџеј сетови ќе настапат Zoki Bejbe и Vera Vendetta.

ЛГБТИ центарот велат дека последнава година комплетно ни го смени текот на животот на секој од нас. Многу од нас изгубија драги личности, начинот на кој бидуваме едни со други се трансформираше целосно и секој еден поминат ден во ситуацијава е еден нов предизвик.

„Поради тоа решивме овој 1ви април настанот ‘Ноќна Кралица’ кој за нас изминативе години стана традиција, да го обележиме на поинаков начин. Компетитивниот елемент годинава го исклучивме и решивме да ве крунисаме сите поради истрајноста, солидарноста, борбата и одговорноста што ја покажавме изминатава година, вредности кои впрочем се основа на нашето заедништво и на долгогодишната борба за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето“, велат од ЛГБТИ центарот.