Ноќен клуб забрани користење лаптопи зад диџеј пултот

„Cure And The Cause“, познат ноќен клуб во Лос Анџелес забрани користење лаптоп компјутери зад диџејскиот пулт.

Кени Самит, сопственик на клубот кој се опишува како „клуб посветен на зачувување на хаус музиката и уметноста на диџејството“, ова го објави на својот ФБ профил.

„НАЈАВА: Нема повеќе лаптопи зад диџеј пултот. Освен ако не го користите за контролирање на винилот од сетот или ако имате настап во живо каде навистина го котролирате програмирањето. Оставете ги своите контролори дома, не доаѓајте да работите со помошни тркалца. Научете ги веќе тајните на занаетот. Pioneer не оди никаде, тоа е индустриски стандард, научете да користите миксета, набавете Rekordbox (бесплатен е) и купете добар УСБ за 40 долари на кој ќе се снабдите со илјадници часови музика. Го отворивме ова место за да го покажеме талентот. Затоа, покажете го својот талент“, стои во ФБ објавата на Самит.