Ноќ на музеите во Македонија во сабота

Во сабота (16 мај), во Музејот на Македонија ќе се одржи манифестацијата „Ноќ на музеите“.  Настанот се одржува по повод 18 мај, Меѓународниот ден на музеите.

Во рамки на настанот, ќе биде поставена изложбата „Изложбени плакати од Музејот на Македонија“, составена од постери од 1984 година до 2014 година. Автор на поставката е Нада Андоновска.

Исто така, ќе може да се погледне изложбата „ Карикатури на македонски револуционери и војводи“ составена од триесет дела од сликарот Никола  Анѓелкоски. Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Најмило мое… дете, бебе, руљче, џагуре“ на кустос-советничката во Етнолошкиот оддел Фима Трајковска.

Музејот ќе биде отворен од 19 часот до 01 часот по полноќ, а влезот е бесплатен.