Францускиот институт во Скопје овој петок (28 јануари) во 17 часот организира книжевна средба во своите простори по повод меѓународната манифестација „Ноќ на книгата“.
На настанот ќе се одржи читање на текстови и песни по избор на учениците од Француското меѓународно училиште во Скопје, од двојазичните паралелки во гимназиите „Орце Николов“ и „Р.Ј. Корчагин“, како и на студентите од Катедрата за француски јазик.
„Дојдете и бидете дел од друштвото љубители на пишаниот збор!“, велат од Францускиот институт.
Бројот на присутни е ограничен на 15, па потребно е претходно да се резервира место на culture@ifs.mk.