Ноќ на книгата 2021 – Ученици, студенти и професори ќе читаат дела на познати француски автори

Францускиот институт во Скопје организира вечер на француска книжевност во чии рамки ученици од билингвалните пралелки, студенти и професори ќе читаат текстови на Селин, Саган, Ками, Пруст, Сартр, Флобер и Иго.

Поради состојбата со пандемијата, настанот ќе се одржи онлајн на кој ќе присуствува и францускиот амбасадар Сирил Бомгартнер.

Ноќта на книгата е манифестација којашто се организира на иницијатива на француското Министерство за култура во соработка со разни институции и професионални работници во областа на културата: библиотеки, книжарници, автори, издавачи, училишта, локални здруженија. На традиционалната манифестација овој пат се приклучија и француското Министерство за образование и Министерството за Европа и надворешни работи.

Програмата на вечерта е достапна на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје.