Нобеловата награда за медицина ја добија научниците кои го открија Хепатит Ц

Нобеловата награда за медицина за 2020 година е доделена на тројцата научници кои го откриле вирусот Хепатит Ц.

Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс и Британецот Мајкл Хоутон беа претставени како личностите кои спасиле милиони животи.

Во изјавата, Нобеловото собрание рече дека изолацијата на Хепатит Ц е „значајно достигнување во тековната битка против вирусни заболувања“ и резултира во создавање на специфичен режим на тестирање и лекови за справување со болеста ширум светот.

Годинешната награда доаѓа во особено значајно време за оние кои работат во областа на медицината, со оглед на состојбата со коронавирусот.

Но, и покрај огромниот ефект на пандемијата врз светот и истакнувањето на важноста на науката и медицинското истражување, победникот за 2020 година не се очекуваше да биде поврзан со Ковид.

Ова се должи на фактот дека победниците обично се избираат според откритијата направени со години наназад, и кои ја даваат основата на практични примени што се користат и денес.

Откривањето на Хепатит Ц кон крајот на 80-тите години на минатиот век дојде кога научниците се повеќе се загрижиле дека тестовите за вирусот на Хепатит Б отпаѓаат само на малцинство од случаите на хепатитис кои се резултат на трансфузија на крв.

Во меѓувреме, Хепатит А не е болест што се пренесува преку крв и може да се шири преку близок личен контакт.

За да го изолира непознатиот инфективен агенс, Алтер докажуваше дека дотогаш непознатиот вирус е причина за хроничен хепатитис, додека Хаутон користеше неиспитана стратегија за изолирање на геномот подоцна наречен Хепатит Ц.

Чарлс Рајс го заврши откритието собирајќи докази за да докаже дека само Хепатит Ц може да предизвика хроничен хепатитис.

Влијанието на Хепатит Ц е поразително кога не се лекува, и на крајот може да биде опасно по живот.

Првенствено напаѓајќи го црниот дроб, вирусот може да доведе до сериозни последици, познати како цироза, или да предизвика смртоносна слабост на црниот дроб и рак.

Алтер, Хаутон и Рајс сега треба да добијат златен медал за својата Нобелова награда, заедно со парична награда од 10 милиони шведски круни (956.000 евра) од сумата што ја остави шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел пред 124 години.

Оваа сума неодамна беше зголемена за да се прилагоди на инфлацијата.