Светлана Алексиевич е прв новинар награден со Нобелова награда за литература. Комитетот го наречен нејзиното пишување „потсетник на храброста и страдањето на нашето време“.
Наградата се доделува само на живи автори, а вреди осум милиони круни. Меѓу претходните наградени се и „литерарните џинови“ Рудјард Киплинг и Ернест Хемингвеј, како и францускиот историски автор Патрик Модиано, кој ја доби наградата за 2014 година.
Алексиевич (67) е политичка авторка и позната критичарка на владата на Белорусија.
„Помина половина век откако автор кој се занимава со нефиктивна литература ја добил Нобеловата награда, а Алексиевич е прв новинар кој некогаш ја добил оваа награда“, изјави претседателката на Шведската академија, Сара Даниус, на доделувањето на наградата во Стокхолм.
Најпознатите дела на Алексиевич кои се преведени на англиски и други странски јазици се „Гласови од Чернобил“, усна историја за нуклеарната катастрофа, и „Момчиња во цинк“, компилација на лични приказни од Советско-авганистанската војна.
Авторката е родена во 1948 година во украинскиот град Ивано-Франкивск, од татко Белорусин и мајка Украинка. Семејството се преселило во Белорусија откако татко ѝ ја завршил воената служба. Алексиевич студирала новинарство на Универзитетот во Минск меѓу 1967 и 1972 година.
После дипломирањето, работела како новинар неколку години, пред да ја објави својата прва книга „Неженственото лице на војната“, во 1985 година.
„Избрав жанр каде човечките гласови зборуваат за себе“, Алексиевич ја објаснува својата љубов кон новинарството, на својата веб страница.
Претходно била наградена со шведската PEN награда за нејзината „храброст и достоинство како писател“.
Други фаворити за наградата беа јапонскиот романсиер Харуки Мураками и Нгуги Ва Тхионго од Кенија.
Таа е 14-тата жена која ја добила Нобеловата награда за литература во историјата, од вкупно 112 наградени од 1901 до 2015 година.
Извор: BBC