Нобеловата награда за хемија доделена за развојот на CRISPR технологијата за генетско модифицирање

Францускиот биолог Емануела Шарпентје и американската биохемичарка Џенифер Дудна се првите научнички кои заеднички добија Нобелова награда за хемија, но и шестата и седмата жена што воопшто ја добила оваа награда во областа.

CRISPR технологијата за генетско модифицирање создаде револуција во молекуларните науки, донесе нови можности за размножување на растенијата, придонесува за иновативни терапии против рак и лекување наследни болести, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет при објавување на годинешните лауреати од областа на хемијата.

Шарпентје на прес-конференцијата рече дека се надева оти победата испратила „позитивна порака до младите девојки кои би сакале да го следат патот на науката и да им покаже дека жените во науката исто така можат да имаат влијание преку истражувањето дека се изведување“.

CRISPR технологија често се споменуваше како кандидат за наградата за хемија, но до неодамна беше поврзувана со расправии околу патентот и создаде етички проблеми откако кинескиот научник Хе Џианкуи беше затворен за создавање на првите бебиња во светот со уредување на гените.

Тој беше осуден од многу негови врсници, со експериментот означен како „монструозен“, „неетички“ и „огромен удар“ на угледот на кинеските биомедицински истражувања. Многу луѓе во научната заедница покренаа етичка загриженост, вклучувајќи го нивото на согласност што го добил од родителите на бебињата и нивото на транспарентност околу уредувањето на гените.

Признанието на Шарпентје и Дудна дојде релативно брзо, за помалку од една деценија, додека повеќето Нобелови награди се засноваат на истражување постигнато пред две, три или повеќе децении.

Нивниот труд од 2012 година за CRISPR бил повеќе од 6.000 пати цитиран.

По Нобеловата награда за хемија, следуваат за литература која ќе биде објавена утре и Нобеловата награда за мир во петок, а за крај, во понеделник ќе биде соопштена и наградата за економски науки.