Нобелова награда за хемија за креаторите на литиум-јонските батерии

Џон Гуденаф, М. Стенли Витингем и Акира Јошино се овогодинешните добитниците на Нобеловата награда за хемија за развојот на литиум-јонските батерии.

Тројцата научници работеа на развој и усовршување на малите, лесни батерии кои можат да бидат наполнети повеќе од стотици пати и имаат значително поголем животен век од обичните батерии.

„Предноста кај нив е фактот што не функционираат преку хемикси рекации како обичните батерии туку со помош на литиумски јони кои постојано се движат помеѓу анодата и катодата.“, изјавија од Фондацијата Нобел.

Ваквиот вид батерии овозможија револуција во светот на технологијата. Тие ги напојуваат електронските уреди кои секојдневно ги користиме како смартфони, лаптопи па дури и електричните возила.

Тие за првпат се појавија на пазарот во 1991  година и ја поставија основата за безжичното општество.

„Ваквиот изум е еден од најголемите бенефити за човештвото во поново време“, изјавија од Фондацијата при доделувањето.

Покрај нивната практична корист како дел од секојдневните уреди, батериите имаат моќ да складираат огромна количина енергија од обновливи извори како соларна енергија. Ова ги прави литиумско-јонските батерии, не само технолошки неопходни, туку и еколошки.

Тројцата научници се истакнати професори во областа на хемијата кои предаваат на едни од најпрестижните светски универзитети.

Гуденаф, роден во Германија во 1922 година е дел од Универзитетот во Тексас, САД. Витингем, 77-годишен Британец, предава на Униерзитетот во Брингхемптон, а Јошино, 71-годишен Јапонец родум од Осака, моментално предава на Меиџо Универзитетот во Нагоја, Јапонија.

Триото за постигнатиот успех од Фондацијата ќе подели награда вредна 738 илјади фунти.