Националниот младински совет на Македонија, како организација која обединува 48 организации ширум државата активно работи во насока на подобрување на состојбата на младите. За таа цел, НМСМ изготви предлог мерки кои ги испрати до сите подмладоци на политичките партии за престојните избори во април 2020 година. Подмладоците ќе можат да ги вметнат предлог мерките во изборните програми на своите партии со цел подобрување на квалитетот на животот на младиот човек во државата и намалување на одливот на мозоци. Предлог мерките се однесуваат за млади на возраст од 15 до 29 години согласно Законот за младинско учество и младински политики.
Предлог мерките се групирани во неколку категории; вработување и претприемништво, образование, младинско учество, култура и младите како дел од европско и глобално семејство. Во прилог, прочитајте ги сите предлог мерки по горенаваедените категории.
Дополнително, во понеделник (02 март) со почеток во 12 часот во МладиХАБ, Управниот одбор на НМСМ ги поканува политичките подмладоци на средба на која ќе ги предложи и образложи собраните предлози.
Вработување и претприемништво
- Продолжување на Гаранција на млади на национално ниво
- Унапредување на постоечките мерки за активирање и вработување на постоечки невработени млади (повеќе од 5 години да не се на пазарот на трудот)
- Намалување на основачки влог за отварање на фирми на 1 евро
- 0% персонален данок за вработување на млади за потикнување на младинско вработување
- Изработка на пакет мерки за млади за поттикнување на вработување и претприемништво (пакет мерки за млади со инвадилитет, пакет мерки за невработени млади Роми)
- Потикнување на студентски инкубатори
- Олеснување на интеграција на младите на пазарот на трудот преку задолжителни дообуки на младите работници
- Унапредување на капацитетите на понудувачите на услуги за млади во ризик од социјална исклученост
Образование
- Професинално унапредување и усовршување во контекстот на доживотно учење
- Образование на младите за активно граѓанско и ненасилство
- Јакнење на капацитетите на образовните институции за спречување на насилството со акцент на електронско насилство – булинг
- Изработка на политика за заштита од незгода (Safe from Harm) за средни училишта, како и универзитетите во државата
- Унапредување на соработката на младите со граѓанскиот сектор и носителите на одлуки
- Истражувачки стипендии за професионален развој на младите истражувачи и постдипломци, како и нивна соодветна промоција
- Зголемување на буџетот за Министерството за образование за капитални проекти
- Надзор на МОН при спроведувањето на капиталните проекти
- Реновирање на студентските домови ширум територијата на Република Северна Македонија (не само Скопје)
- Ревизија на учебникот по граѓанско образование и учебниците по општествени науки
- Овозможување на вонучилишни активности за децата и младите од руралните средини
- Зголемување на капацитетите на педагозите и улогата на педагозите во училиштата како еден од клучните механизми за развој на младите
- Инкорпорирање на неформалното образование во образовниот систем
- Подобрување на функционалноста на кариерните центри и отварање на центри за советување на млади на локално и национално ниво
Младинско учество
- Потикнување на младинско организирање на локално и национално ниво кои креираат иновативна програма и можности за млади
- Засебна институционална поддршка за сојузите, организациите за млади и младинските организации кои работат во насока на подобрување на квалитетот на животот на младите
- Поддржување на проекти на организации кои вклучуваат млади волонтери и за млади кои поттикнуваат самоорганизирање преку волонтирање
Култура
- Еднакви можности за пристап до култура за сите млади, со акцент на оние со ризик на социјална исклученост
- Финансиска поддршка за иницијативи, програми и активности од културата на принципот млади за млади
- Поддршка на медиумски проекти – млади за млади
Младите како дел од европското и глобално семејство
- Воспоставување на систем на поддршка за младите да учествуваат во процесите на носење на одлуки на европско и глобално ниво (council of Europe, Youth Advisory Board of UN, UNESCO, итн)
- Поттикнување на мобилност на младите и креирање на мрежи и пријателства на светско ниво
- Учење на добри практики и воспоставување на механизми за споделување во својата држава
- Воспоставување на систем за пренос на знаење